Се трансформира во хотелска соба: Автомобилот на иднината без возач

Шведскиот производител Волво разви прототип на автомобили без возачи кој нуди 'услуга од 360 степени': можете да го повикате да дојде по вас, гласно да предупреди расеан пешак, да комуницира со други автомобили и повеќе...

Како да имате автомобил што можете да го претворите во канцеларија или хотел? Добро би било да имате аперитив во вашиот автомобил, да спиете и да остварите деловна средба, така? Тоа е идеја од соништата која производителот на автомобили сака да ја претвори во реалност со развојот на 360Ц, пишува италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Станува збор за автомобил без возач, во случајов зборуваме за управувачко возило без воланот, кое шведскиот производител треба да го пушти во продажба во првата половина на следната деценија.

Нема да биде автомобил за замена на патничкиот автомобил на кој сме навикнати, туку автомобил што нуди услуга од 360 степени: размислувано е да можете да го „повикате“, да нарачате да ве однесе до посакуваната дестинација. И сето тоа без возач, затоа што новиот модел на автомобили прави сè самостојно.

Соларно и електрично полнење

Целта е да се направи револуција во целокупниот систем на транспорт: Ако автомобилот стане канцеларија и спална соба, зошто да користите друго превозно сретство за средно долги релации?

Возилото, кое во моментов е на прототипско ниво, користи соларна и електрична енергија, така што може да се искористи за возење насекаде - дури и во градските центри.

Звучните и светлосните иглнали се инспирирани од природни звуци (звук на дишење што забрзува со текот на времето кога автомобилот се движи), Volvo 360C комуницира со други возила (управувани од возачи).

Кога таков автомобил наидува на пешак кој, на пример, слуша музика преку слушалки и не забележува дека пристигнува возило, овој иновативен автомобил звучи доволно гласно за да го привлече вниманието на пешакот.

Се разбира, сензорите на такво возило го запишуваат и преминот на велосипедисти. Како и кај сите модели без возачи, примарна цел овде е да се намали бројот на сообраќајни незгоди, а во овој случај и оние што се резултат на недоразбирања на возачот (кога едниот е убеден дека другиот ќе запре и тоа не се случува): овој автомобил е дизајниран што би ја менувал својата траекторија базирана на движење на други возила.

Ова возило исто така би било идеално за слепите и лица со оштетен вид, кои лесно би можеле да го користат овој модел на автомобил за да стигнат до нивната дестинација.

Друго изненадување лежи во внатрешноста на автомобилот: може да се организира на многу начини. Доколку е потребно, има масичка за кафе или чаши за аперитиви. Во другиот случај, едно седиште се претвора во кревет, додека фиоката може да се користи за складирање на куферот и облеката.

И на крај, вистинското изненадување е прекривката: не служи само за покривање, таа е вистински безбедносен систем. Тоа е всушност воздушно перниче што ве штити додека спиете.