Седлоски поднесе оставка, Шкупи ја потврди разделбата
Гоце Седлоски повеќе не е тренер на шампионот Шкупи, по нерешените 1-1, познатиот наш тренер се реши да замине од клупата на тимот од Чаир.
Шкупи ја потврди разделбата и му се зблагодари со објава на социјалните мрежи.
„Почитуван претседателе, почитувана управа, драги играчи и мои тренери и почитувани навивачи, од се срце сакам да се заблагодарам на соработката со мене. Голема чест ми беше да работам со луѓе како вас, Го донесов она што го ветив во клубот со ваша помош, со многу труд, радости, емоции, а сето тоа го постигнавме поради тоа што бевме една фамилија. И кога беше тешко, сите живеевме еден за друг и го дававме максимумот, дадов се од себе за ФК Шкупи да биде на врвот. Исто така на клубот му посакувам многу успех во иднина. Среќно на сите!“, порача Седлоски.
Шкупи му се заблагодари на Седлоски:
„Благодариме Гоце! ФК Шкупи објавува дека е прифатена оставката од главниот тренер Гоце Седлоски. Нашиот клуб му благодари за придонесот што после 21 година успеавме да бидеме шампиони, и му посакуваме среќа во следните предизвици“, се вели во соопштението на ФК Шкупи.