Сејдини : До израз да дојдат знаењето и подготвеноста, да победи фудбалот

Утре и задутре се враќа домашниот фудбал, ПМФЛ и ВМФЛ во борба за шампионската титула и влез во елитниот македонски фудбал, некои за опстанокот, но сите во интерес на фудбалот.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини со обединувачка порака, да победи фудбалот!

Почитувани клубови, фудбалери и фудбалски работници на Македонија,

По повод стартот на пролетниот дел од сезоната 2022/2023 во Првата и Втората фудбалска лига на Македонија, ви посакувам успешна сезона и спортско натпреварување на високо професионално ниво.

На клубовите им посакувам остварување на зацртаните цели, а на фудбалерите успешен и безбеден настап.

На судиите им посакувам чесно и достоинствено судење, праведни одлуки во духот на ферплејот и за доброто на фудбалот.

До израз нека дојдат знаењето, подготвеноста, желбата и ентузијазмот за фудбалската игра, се со цел да победи фудбалот и неговите вредности за правилниот развој на младите генерации.