Секое дете мора да се смее и тоа не чини пари: Стоматолог д-р Ѓорѓиевски враќа насмевки кај децата од ранливи семејства
Тој е редок човек во ова наше општество. И како да се се‘ поретки таквите како него. Неговата мисија е да изнуди широка насмевка онаму каде што најчесто ја нема или истото тоа општество заборавило дека постои. Д-р Жикица Ѓорѓиевски е стоматолог, годинешен добитник на наградата 13 Ноември на Град Скопје за континуирана поддршка на лицата од социјален ризик. Токму нив, бесплатно им ги нуди своите стоматолошки услуги. До сега успеал да насмее десетици дечиња и возрасни, да им помогне да имаат убави заби, да им ги реши забните проблеми. Кога ќе се погледнат во огледало после интервенцијата се смеат, а тоа е нешто возвишено! Тој е среќен кога среќата е споделена, а тие среќни кога знаат дека некој безрезервно им ја создал!
Ве препознаваат во јавноста како стоматолог кој дава бесплатни услуги за граѓаните од ранливите категории. Од кога е приказната, како почна и како успевате да ја одржувате?
- Од денешен аспект, може да кажам дека мојата приказна е „производ“ на една Аристотелова изрека која вели дека „За нештата кои треба да ги научиме пред да почнеме да ги правиме, учиме правејќи ги“... Така и мојата приказна која ја нарекуваат хумана, се „испишува“ повеќе од три години, и тоа сосема спонтано, од една средба со пациент (сега веќе мој пријател). Бидејќи потекнува од семејство со социјален ризик, на таа средба сакав меѓу другото да направам нешто повеќе за него, што ќе биде подолгорочно и ќе влијае на неговата самодоверба. Тој беше во периодот на животен крстопат, низ кој сите сме поминувале и кога секоја поддршка е добредојдена, било да е морална или финансиска.. Тогаш му понудив да направиме комплетен стоматолошки преглед, како еден мал придонес за подготовките за матура, по што следуваа неколку ортодонтски интервеции и третмани со кои ја вративме насмевката кај него. Задоволството беше поголемо кога забележав дека со тој мал чекор, кај него се зајакна самодовербата. Тоа е нешто што се губи многу брзо а треба време за да се врати, а јас и мојот тим успеавме да му ја вратиме насмевката.
Целото интервју можете да го прочитате на Фактор