Секоја чест: Поранешниот ас на Чикаго Булс, Мајкл Џордан донираше 10.000.000 долари на болни деца

Во пресрет ан неговиот 60-ти роденден, поранешниот ас на Чикаго Булс реши да ги донира своите пари.

Познатиот американски кошаркар Мајкл Џордан донираше 10 милиони долари на хуманитарната организација „Make-A-Wish“, во пресрет на неговиот 60-ти роденден.

Тоа е најголемата поединечна донација во 43-годишната историја на организацијата.

- Во изминатите 34 години, чест беше да се биде партнер на „Make-A-Wish“ и да им помогнам на толку многу деца да добијат насмевки и среќа. Нивната сила и издржливост во еден толку тежок период од нивните животи беа навистина инспирација - изјави легендарниот кошаркар, кој утре - петок ќе го прослави 60-тиот роденден.

Џордан додаде дека ова дефинитивно ќе биде најдобриот можен роденденски подарок за него.

- Не можам да замислам подобар роденденски подарок од тоа да видам како другите ми се придружуваат во поддршката на „Make-A-Wish“, за секое дете да ја доживее магијата да ја оствари својата желба - додаде Џордан.

Џордан, кој многумина го сметаат за најдобар кошаркар на сите времиња, освои шест титули во НБА лигата во кариерата, а исто толку пати беше прогласен за најкорисен играч на финалната серија.


Фото: Youtube - screenshoot