СЕНЗАЦИОНАЛНО: Научниците создадоа вештачка крв, за сите типови на крвни групи

Јапонските научници од воената академија создадоа вештачка крв што може да ја користи секој, без оглед на крвната група и може да се чува до една година на нормална температура, што значи дека веќе не постои загриженост за чување крв за трансфузија. Тестовите беа направени на зајаци, наскоро и врз луѓето, според меѓународните медиуми.

Истражувачите од Империал колеџ во Лондон развија сензор кој го следи ефектот на антибиотиците врз пациент со минијатурни игли. Минијатурни игли може да се комбинираат со различни ензими кои реагираат на различни видови антибиотици.

Овој пристап може да доведе до оптимизација на администрација на антибиотици и да ја намали веројатноста за појава на алергија на овие лекови. Постојните методи за следење на реакцијата на пациентот на антибиотици се многу побавни и се засноваат на повторено земање примероци од крв.

Научниците од Институтот за рак  Дана-Фарбер развија нов тест на крвта кој може да открие повеќе од 20 видови на карцином. Тестот се заснова на откривање на специфични „потписи“ на карцином во ДНК добиени од примероци од крв. Тие се метилни групи кои го контролираат активирањето на одделните гени, објаснуваат истражувачите.

Ефективноста на тестот досега е тестирана на 3500 примероци од крв. Исто така, покажа дека со нов тест може да се открие делот од телото во кој се појави карцином во 97 проценти од случаите. Истражувачите посочуваат дека новиот тест давал само 0,6 проценти од т.н. лажни позитиви.

Луѓето кои живеат во близина на морето имаат подобро ментално здравје, според студијата на британските научници од Универзитетот во Ексетер. Користејќи ги податоците собрани од скоро 26.000 испитаници, истражувачите откриле дека односot е присутен без оглед на материјалниот статус на учесниците во истражувањето.

Најизразен позитивен ефект од близина на морето е забележан кај луѓето со најмалку приходи.