Сестри го обвинуваат Хју Хефнер дека ги терал на групни интимни односи: Забременила на 19 години
Фото: CESAR RANGEL / AFP / Profimedia
Шокантната исповед на близначките од вилата на Плејбој
Хју Хефнер почина во септември 2017. Не помина ниту една година од неговата смрт, а девојки од целиот свет, како и „зајачици“ од неговата вила во Плејбој, јавно упатија грозоморни обвинувања за силување и злоупотреба.
Неговата лоша страна ја раскажаа и близначките Кариса и Кристина Шенон, кои 18 месеци му беа девојки на главниот уредник и основач на Плејбој. Според законот на Соединетите Американски Држави, тие во тоа време не биле ни полнолетни.
Кариса рече дека абортирала откако дознала дека е бремена со Хју. Таа имаше 19, а тој 83. Таа планираше да ги зголеми градите финансирано од Хефнер, а потоа тестовите на крвта открија дека Кариса е бремена.
„Немав секс со никој друг, а тоа можеше да биде само неговото бебе. Сакав да го завршам тоа што е можно поскоро. Не сакав тој да дознае, а тој никогаш не дозна. Тое мое тело и се чувствував како да има вонземјанин во мојот стомак, како ѓаволот да е во мене. Не сакав никој да знае дека носам дете на 83-годишен старец“, изјави таа еднаш.
Сестрата Кристина ѝ помогнала да избере клиника во Лос Анџелес, а тие ги убедиле телохранителите на Хефнер да ги остават во продавница бидејќи одат на шопинг, а потоа повикале пријател да ги земе. Тие успеаја сето тоа да го задржат во тајност.
Близначките денес имаат 34 години, а биле принудени да спијат со Хефнер на само 19 години, на нивниот роденден. Тие учествувале во незаштитен групен секс и консумирале многу алкохол.
Тие не се сеќаваат на Хефнер по добро и рекоа дека има „црна душа“ и дека многу девојки кои се занимавале со него страдаат од бројни психички проблеми. Тие, исто така, истакнаа дека се среќни кога дознале дека Хефнер починал бидејќи ниту една друга жена нема да мора да помине низ она што им го направил нив.
„Кога умре Хефнер, дел од нас беше тажен, но друг дел од нас помисли: „Добро, добро, нема повеќе жени да бидат уништени како што тој не уништи.“ Мислев дека Плејбој е едно големо семејство, а сега сум свесна дека тоа е беше култ“, изјави Кристина. Таа додаде дека Хју се однесувал како да ги поседува.
„Доколку ги прекршивме неговите правила, шест телохранители ќе не одвлечкаа во соба. Не нè пуштаа да излеземе. Тој следеше ранливи млади девојки како нас. Тој ви го нуди светот, а потоа ве држи заробени во куќата, која беше како еден вид златен затвор“, додаде таа.
Близначките раскажале и како ги натерал да го нарекуваат „татичко“
„Бевме наивни. Се сеќавам дека беше многу шармантен и фин. Носеше свилени пижами и влечки со неговата црвена наметка. Беше како крал во замок - беше толку моќен. Ми рече: „Еј, дали сакаш да дојдеш да седнеш до мене? Можевме да видиме како другите девојки веднаш ќе бидат љубоморни“, се сеќава Кариса.
За нивниот 19-ти роденден ги однел во ноќен клуб и им купил алкохол. Тие рекоа дека Хефнер често користел метаквалон и дека ќе почне да ги допира кога пилулата ќе стапи на сила. Им дал и лекови кои требало да им помогнат при анксиозноста, а пушеле и трева.
„Најпрво ни беше ладно, но по некое време апчето почна да делува и ни се заврте. Постојано велеше: „Бебе мое, бебе мое...“ и не галеше додека лежевме на страна. Рече да го викаме „татичко“. Беше скоро пет наутро кога се вративме во нашата соба таа прва вечер и тогаш се согласивме дека тој е ѓаволот. Имаше темна душа и отиде во пеколот“, велат сестрите. Поради траумата која ја доживеале, планираат да го тужат Плејбој, а зборувале за сѐ бидејќи сакаат луѓето да знаат кој всушност бил Хефнер и што се случило зад затворени врати.
извор: espreso.rs