Живот // Живот
Северина Божиќ го прослави без сопругот Игор, но не е сама: Кога спиевме само ми шепна...
Зборови на љубов на големиот празник...
Северина доби најубав подарок за Божиќ. Оваа година за неа овој голем празник беше посебно магичен. Го помина со синот Александар, а пејачката е посебно горда поради една реченица која нејзиниот наследник ја изговорил пред спиење.
Северина со преубави фотографии на своите обожаватели им го честиташе Божиќ и во таа прилика откри дека празникот го помина со својот син Александар.
„Синоќа, кога си легнувавме, само ми шепна: „Ти си најдобрата мајка на светот...“ Среќен Божиќ на сите“, напиша гордата Северина, на која обожавателите ѝ порачаа дека зборовите на нејзиниот син се најубав подарок за Божиќ.