Шест знаци дека имате многу силна интуиција и претчувствувате работи

Интуитивните луѓе имаат способност да набљудуваат интеракции на некој човек неколку минути и да заклучат каков карактер има, каков му е стилот на живот, дали лаже, се обидува ли да манипулира, има ли скриени намери, дали е тажен, има ли големи проблеми во животот итн. Тие чувствуваат каква енергија од некој сјае-позитивна или негативна. 

Луѓето со добро развиена интуиција силно чувствуваат кога на некој близок нешто лошо ќе му се случи, знаат дали имаат соништа кои подоцна ќе се случат и во реалниот живот, а често предвидуваат необични работи кои некој нивен близок допрва ќе ги искуси. Способни се да го видат она што на многумина им бега. Исто така добро ги разбираат сопствените чувства и чувствуваат што е добро, а што лошо за нив. 

По овие шест знаци можете да знаете дека имате одлична интуиција:

Претчувствувате дека некој ќе ве побара на телефон 

Но тоа е само во случај кога се работи за лице со кое долго време не сте се слушнале. Особено ако сличната ситуација се случува често. 


Претчувствувате кога некој ваш близок е во неволја 

Овде не станува збор за обична грижа како родителите кои ја имаат кон своите деца и блиски лица, туку за силно чувство дека нешто лошо се случило и што на крај се покажува точно. Вакви случаи се забележани помеѓу родители и деца, сопружници, роднини и секако кај блиските. 


Место на кое никогаш не сте биле многу ви е познато

Ако ви се случува да дојдете во куќа во која никогаш не сте биле пред тоа, а се ви делува познато, дури и ситни детали, можеби сте видовити. 


Имате соништа кои ви се остваруваат 

Ако често сонувате соништа за себе и за блиските, па дури и во светот, кои се остваруваат и тоа може да биде доказ дека сте видовити. Претскажувачките соништа се поинакви од обичните соништа, по луцидни, детални и уверливи. 


Само еден допир е доволен да почувствувате и да дознаете некои детали и работи за личност

После ракување со непозната личност знаете некои детали, како што е од каде, каков е и што работи, а ви се случува и кога ќе допрете некој предмет знаете на кого припаѓал и неговото минато. Иако постои можност дека многу сте проникливи, постои шанса дека имате моќ, екстра чувствителна перцепција и видовитост. 


Редовно му зборувате на пријателот што ќе се случи и тоа се случува 

Но, ако се случува дека имате силно чувство дека нешто потполно неочекувано ќе се случи на блиска личност и тоа се случило, тоа би можело да е знак дека сте видовити.