Шкендија повикува: Итно да се стопира фанатизмот, ова не носи добро на никого
Дуелот меѓу Шкупи и Шкендија заврши на „зелена маса“, прекинот во 9 минута му пресиди на тимот од Чаир, суспензија на теренот, елиминација од Купот.
Шкендија с еогласи со соопштение, под итно да се стопира фанатизмот, фудбалот треба да обединува,
„Фудбалот е спортски натпревар, целта е да дојдат што е можно повеќе луѓе и заедно да уживаат. После сите настани кои се случија во Чаир, нашиот клуб нема да излезе со соопштение за осуда за нападот на играчите, за навредите и пцостите од индивидуалци или нападот на нашиот автобус по напуштањето на Скопје. Шкендија како клуб апелира на ургентно запирање на оваа омраза и фанатизам меѓу двете навивачки групи, бидејќи е на штета не само на нашите клубови, туку и на невините луѓе кои немаат ништо со фудбалот. Шкендија е јасна, под итно да се стопира омразата и немилите сцени на нашите натпревари!“, се вели во соопштението на Шкендија.