ШОК ИСПОВЕД НА ПОЗНАТА АКТЕРКА СОФИЈА ВЕРГАРА: Бујните гради ми беа ПАСОШ за успех!
Шармантната Колумбијка не крие дека нејзиниот атрактивен изглед ѝ отворил многу врати во кариерата.
Актерката Софија Вергара важи за една од најубавите и најсексапилните жени на светот, која уште од првото појавување на јавната сцена стекна многу обожаватели. Мажите воздивнуваат по оваа огнена Колумбијка и денес кога Вергара влезе во шестата деценија.
Без разлика на годините, актерката изгледа подобро од било кога и со секое појавување ја разгорува машката фантазија! Свесна е, вели, дека убавината многу и помогнала во кариерата, но верува дека и покрај физичкиот изглед има талент. Тоа е нејзината магична формула за успех.
- Би било апсурдно да го негирам тоа или да се чувствувам лошо поради тоа. Напротив, јас сум благодарна за мојот живот. Големите гради и телото ми отворија врати, тие беа мојот пасош за светот кога имав 20 години и почнав да се занимавам со манекенство. Сепак, денес имам 51 година и се уште сум тука – искрено изјави таа за шпанскиот медиум Ел Паис.
Како што вели, верува дека преживеала бидејќи не се плаши од ризици.
- Затоа што не се плашам од ризици, работам повеќе од кој било, имам личност, секогаш бев свесна што има таму и не се плашев. Има жени кои се поубави, помлади, имаат подобри гради и подобро тело од мене, но јас сум сепак тука бидејќи покажав дека можам да останам. Не правам операција на мозокот, тоа е само за забава, а најлошото што може да ми се случи е да кажат дека изгледам грдо или дека „овој дебил не знае како да се однесува“. Можам да го поднесам тоа – додаде Софија за споменатиот медиум.