ШОК: Во дури 80% од примероците на крв се наоѓа пластика- пронајдена е во храната која секој ден ја јадеме и се советува овие намирници да се избегнуваат
Во нивната пилот студија, научниците од Универзитетот Врије во Амстердам пронајдоа микропластични честички во три четвртини од тестираните месо и млечни производи и во секој примерок од крв од животинска фарма.
Овие истражувачи првпат пријавиле присуство на пластика во човечката крв во март 2022 година и го користеле истиот метод на тестирање за да ги проверат животинските производи. Откривањето на честичките во крвта покажува дека тие патуваат низ телото и можат да се задржат во органите.
Иако влијанието на микропластиката врз здравјето на луѓето и животните е сè уште непознато, експертите се загрижени бидејќи пластичните честички во лабораториски услови предизвикуваат значителна штета на човечките клетки, а веќе е познато дека честичките од загадениот воздух влегуваат во телото и предизвикуваат милиони предврмени смртни случаи годишно.
Научниците тестирале 12 примероци од крава и 12 примероци од свинска крв и откриле микропластика во сите 24 примероци. Тие го тестирале млекото од продавниците, земајќи 25 примероци. Од овие 25, микропластика се пронајдени во 18.
Седум од осум примероци од говедско месо и пет од осум примероци свинско биле контаминирани.
„Останува непознато дали постојат потенцијални токсиколошки ризици од овие наоди“, се наведува во извештајот.
Д-р Светлана Станишиќ неодамна гостуваше во „Јутра“ на телевизија „Прва“ и зборуваше за истражувањата на холандските научници.
„Треба да се избегнуваат топли работи, топли течности од пластична амбалажа. Температурата на овие материи е зголемена. Покрај тоа, кога пиеме вода од пластична амбалажа, која се смета за најбезбедна, внесуваме и микропластични честички. Секогаш кога ќе го одвртите капачето , всушност доаѓа до кршење. Во микропластичните честички се пронајдени во сите примероци на флаширана вода. Се проценува дека децата јадат околу 500 парчиња микропластика дневно, возрасните 800“, рече докторката.
Д-р Станишиќ истакнува дека сѐ уште е тешко да се провери дали имате пластика во крвта.
„Тоа се доста сложени анализи, затоа се објавени во научни истражувања. Не е лесно да се одреди колку од нив имаме. Она што се покажа е дека влијаат на имунолошкиот систем, а сега се истражува колку тие може да влијае на формирањето на тромб.Се лепат на протеините во крвта, се лепат до еритроцитите, па и тоа може да биде проблем“, вели докторката.
Фото: фрипик