Што е инвертер технологија и сѐ што треба да знаете за неа

Заштедете електрична енергија дури и додека се греeте или ладите

Кога купуваме клима уред често се среќаваме со терминот „инвертер“. Сепак, сè уште има купувачи кои не се запознаени со тоа како функционира инвертер технологијата. Покрај можноста за греење и ладење, обезбедува и прецизно регулирање на саканата температура и значителна заштеда на електрична енергија. Ова се само некои од причините зошто инвертер клима уредите се иднината, а ние ви откриваме сѐ што треба да знаете за нив.

Кои се разликите помеѓу класичните климатизери и клима уредите со инвертер технологија?

Пред неколку години, повеќето клима уреди имаа компресори кои работат според принципот на вклучување-исклучување (on – off) или оние кои имаат само една брзина. Во ситуација кога е потребно само малку да се одржи температурата во просторијата - компресорот ќе работи со полна моќност додека не се постигне саканата температура, но кога тоа ќе се случи, тој целосно се исклучува. Подоцна, кога сакате повторно да се промени температурата и сакате да се загреете, треба повторно да го вклучите уредот и целиот процес се повторува.

Што е инвертер?

Начинот на работа е различен кај инвертер клима уредите. Тие ќе работат со полна моќност додека не се постигне саканата температура во просторијата. Кога тоа ќе се случи, инвертер клима уредот ќе ја прилагоди или намали својата моќност така што рамномерно ќе ја одржува саканата температура. На овој начин се избегнуваат нагли промени на температурата во просторијата и нема често вклучување и исклучување на клима уредот со што дополнително се оптоварува електричната мрежа и се заштедува електрична енергија.

По што се разликува начинот на работа на инвертерот?

Инвертер клима уредите нудат можност за загревање дури и при многу ниски надворешни температури, до -22°C. Благодарение на нивната иновативна технологија, се избегнуваат нагли промени на собната температура и се заштедува електрична енергија. Нема често вклучување и исклучување на уредот, што дополнително придонесува за заштеда. Тоа значи дека додека греете или ладите со инвертер клима уреди, всушност штедите струја!

Што добивате ако купите инвертер клима уред?

За разлика од старите климатизери со on/off компресори, посовремените уреди имаат инвертер компресор кој се контролира со електроника и има променлив опсег на моќност од минимална до максимална. Тоа значи дека тие секогаш работат со моќта која е оптимална и неопходна за исполнување на поставената температура во просторијата.Hisense клима уредите во период од 15.09.2022 до 31.12.2022 година имаат 5 години гаранција на компресорот со регистрација на mk.hisense.com.

Дали инвертер клима уредите штедат струја?

Да! Во зависност од условите во просторијата, условите надвор, како и поставената температура, изолација и ориентација на просторијата, квалитетен инвертер клима уред може да заштеди до 60% електрична енергија во споредба со класичен клима уред (принцип на on – off) .

Греење со инвертер клима уреди

Ако го вклучиме клима уредот во ладна просторија каде температурата е околу 15°C и далечински ја прилагодиме температурата на 25°C, сензорот на внатрешната единица ќе ја регистрира температурата, а контролната електроника, земајќи ја предвид температурната разлика од 5°C, ќе го вклучи инвертер компресорот на максимална моќност за да може клима уредот да ја достигне поставената температура што е можно поскоро.

Како што температурата во просторијата се зголемува и се приближува до зададената точка, компресорот ја намалува својата моќност и уредот се префрла во режим на одржување на температурата. Клима уредот издувува помалку топол воздух, компресорот работи со намалена моќност, за да не се создаде впечаток дека клима уредот лади наместо да се загрева во режимот на греење. Брзината на вентилаторот на внатрешната единица автоматски се намалува, а клима уредот продолжува да издувува доволно топол воздух зане лади намалената брзина на вентилаторот на внатрешната единица.

Совети за користење на инвертер клима уред

Се препорачува автоматски да ги сетиратепараметрите на програмите кои штедат електрична енергија. Ако сакате брзо да ја загреете просторијата, изберете ја највисоката температура на далечинскиот управувач, но кога просторијата ќе се загрее, вратете се на соодветната температура.

Контролната електроника постојано ја мери разликата помеѓу температурата во просторијата и температурата поставена на далечинскиот управувач, колку е поголема разликата, толку е помоќен компресорот затоа што сака брзо да ја достигне поставената температура. За брзо ладење, поставете ја минималната температура на далечинскиот управувач и вратете се на соодветната температура кога просторијата ќе се олади доволно.

Hisense

Инвертер технологијата има традиција повеќе од 25 години, но еден од пионерите во оваа област е Hisense, кој прв го пласираше овој тип на клима уреди во Кина. Заедно со јапонскиот бренд Hitachi направи вистинска револуција на пазарот и стана синоним за иновативна инвертер технологија. Но, ова е само една од причините зошто Hisense е на листата на 10 водечки светски кинески брендови повеќе од шест години по ред, која секоја година ја објавуваат KANTAR, глобална компанија за истражување и консалтинг, и Google.Кај нас, во последните две години овој бренд стана препознатлив по најдобриот сооднос цена-квалитет.

Hisense става посебен акцент на грижата за своите клиенти, нудејќи им најсовремена технологија и врвен квалитет по пристапна цена. Денес, нивните системи за ладење имаат најсовремен принцип на работа кој овозможува интелигентно работење и ги намалува загубите на енергија. Контролата на температурата е попрецизна, но бучавата е помала, но сето тоа е благодарение на компресорот, кој има променлив опсег на моќност од минимална до максимална. Тоа значи дека, во даден момент, работи со моќта што е оптимална и неопходна за исполнување на поставената температура во просторијата. Ова се само дел од причините заслужни за неверојатниот успех на кинескиот гигант Hisense, што се потврдува и со фактот дека тој е веројатно најбрзо растечкиот бренд за климатизација на нашите простори.

ПР објава