Што ќе се случи со вашето тело ако пиете вода со лимон секое утро?
Дали сакате утрото да ви започне со весело расположение и тонус, а денот да ви биде весел и исполнет? Постои лесен начин да се постигне ова без многу напор. Почнете да пиете чаша вода со сок од половина лимон секое утро. Се чини едноставно, но ефектот е загарантиран.
Начинот на кој започнува денот е исклучително важен за нашата целокупна виталност до вечерта. Првото нешто што го правиме по спиењето е од суштинско значење за нашиот секојдневен живот, а исто така влијае и на отпорноста на организмот кон вируси и болести. За да добиете успешен почеток на денот, потребно е само-дисциплинирање и фокусирање на утринските ритуали кои го балансираат телото и му помагаат да работи со ритамот на природата.
Започнете го денот со чаша топла вода и сок од половина лимон. Тоа е толку лесно, а придобивките се премногу поволни за да се игнорираат ...
И да не заборавиме дека вистинската промена доаѓа од реално преземените активности.
Топла вода со лимон придонесува за намалување на тежината, ги отстранува токсините од телото, го подобрува имунитетот, состојбата на кожата и варењето. Причината е дека лимонот влијае на хормонот на ситост - лептин. Ако лептинот не е во рамнотежа, телото почнува да создава масни наслаги. Лимонот помага да се избегне дехидрација и ја подобрува варењето на храната.