Што треба да направите кога ќе ви снема пена за бричење?
Колку пати ви се случило точно пред заминување на работа, да приметите дека немате повеќе пена за бричење?
Секако дека
бричењето со пена е најдобро и дека со него се постигнуваат најдобри резултати,
но што да направите кога во последен момент ќе приметите дека немате пена, а
вас ви е итно потребна за бричење? Во тој момент мора да побарате замена,
бидејќи немате време да заминете до продавница по нова пена.
Ви ги претставуваме 4те работи кои можат да ви послужат како пена за бричење во критичните ситуации.
1. Бебешко масло
Сигурни сме дека некаде низ вашиот дом се крие бебешко масло. Токму него може да го искористите за бричење, бидејќи ќе ви ја омекне кожата и ќе ви ја намали иритацијата.
2. Сапун и вода
Обичниот сапун со вода исто така може супер да ви послужи. Не е важно каков сапун користите, само е важно да направите пена која ќе ја намачкате по лицето и че направите ефект сличен на обичната пена за бричење.
3. Регенератор за коса
Вашата поубава половина сигурно користи регенератор за коса,а бидејќи регенераторт гиомекнува влакната, одличен е како резервна пена за бричење.
4. Крем за тело
Кремата за тело го намалува триењето на бричот и создава пријатно чувство на лицето, така да ќе ви помогне да се избричите и така ќе ја избегнете иритацијата и црвенилото на лицето.