ШВАЛЕРИ или The Backdoor Band: Македонските момци на рок енд ролот
Тие се врвни во своите музички перформанси. Звукот на
инструментите им е совладан до перфекција, вокалите одлични, репертоарот
рафиниран, а како бенд се уникатни во својата музичка приказна. Жарко Јакимоски - lead vocal &
bass guitar, Лазе
Фармакоски - lead guita Никола Колјушевски - Ози – drums од
Охрид се ченовите на The Backdoor Band.
Едни од ретките виртуози во Македонија кои на своите концерти свират рок енд рол во нивен единствен манир, а публиката на концертите бескрајно ужива. Посебни се!
The Backdoor Band официјално започна со работа од ноември 2010 година. Но многу е интересна приказната за името на бендот.
- Името на бендот е поврзано со темата на Willie Dixon насловена како Back Door Man , истата композиција е подоцна препеана и од The Doors , па поради тоа што сме група од повеќе луѓе, го модифициравме насловот на бендот во The Backdoor Band. Значењето е всушност онака жаргонски кажано ШВАЛЕР, поради то што се знае кој им доаѓал на посета на дамите од скришната задна врата, па така поради песната и суштината на насловот, го зедовме како официјален назив- велат од бендот.
На самите почетоци, снимиле аматерски видеозапис во гаража за темата Love Like A Man од Alvin Lee. Така почнале. Низ годините составот се менувал. А, само пред нецел месец прославија 9 години од нивното постоење.
Рок музиката со неколку нејзини варијации е составен дел од животот уште од најмали нозе кај сите членови, а и сите членови претходно се занимавале со тој стил на музика и во други бендови, па кога се поврзале како целина, јасно било дека ќе свират и творат ваков стил на музика. Тоа им е во крвта.
- Во почетокот, првите две- три години свиревме само кавери на светски рок класици, а од средината на 2013 година решивме дека е потребно да оставиме наш печат во музичкото творештво, па почнавме да твориме авторска музика. До сега имаме објавено официјално 6 авторски песни со аудио и видеозапис кои може да се слушнат на радио и телевизиските канали ширум Македонија, на YouTube , по социјалните мрежи и останати дигитални медиуми. Албумот веќе го најавуваме уште преку 2 години и никако се' уште да го објавиме. Да бидеме искрени, малку сме тромави, мрзеливи на тоа поле, во изработка се многу повеќе песни од колку што е доволно за еден албум, но некако не можеме да се одлучиме која нумера да добие шанса за нашиот деби албум. Нон- стоп нешто преправаме и никако тој фамозен долго најавуван прв албум да ја "здогледа светлината на денот", но поради тоа што веќе се ближи и јубилеј, 10 години од нашето постоење време е наскоро да го видиме и тоа "чудо" на пред се’, наше големо задоволство , а секако и на задоволство на нашите верни фанови и поддржувачи- додаваат момците.
На нивните многубројни настапи ширум Македонија и на нивните гостувања во странство репертоарот опфаќа строго кавери на нумери од светски изведувачи, светски рок хитови од Blues, Blues Rock па се до Heavy Metal. Нивниот репертоар не опфаќа нумери од екс- Ју просторите, не им е тој стилот, односно концептот. Токму и поради тоа се препознатливи кај публиката и сите кои доаѓаат на нивните настапи знаат што нудат и едноставно уживаат во сето тоа, сакаат да слушаат добра рок музика од повеќето нивни омилени светски бендови, па тие на еден начин тоа им го овозможуваат, секако интерпретирно во нивен стил.
- Во нашето досегашно постоење сме настапиле и редовно настапуваме скоро во сите поголеми и помали градови во Македонија, на поголеми и помали фестивали, мото собири, клубови , барови, а од гостувања надвор од нашата држава можеме да издвоиме повеќе наши настапи низ повеќе градови на мото собири и во локални клубови во Германија, неколку настапи во локални клубови во Осло - Норвешка, на фестивал во Романија, неколку настапи на мото собири и локални клубови во соседна Бугарија, исто така настапи на фестивал и во локални клубови во Босна и Херцеговина, неколку настапи на фестивали и во локални клубови во неколку градови низ соседна Србија каде исто така во САЕ Институтот во Београд го снимавме и нашиот трет сингл - Лоша Навика и имаме настапувано во локални клубови во соседна Албанија. Одзивот е секаде одличен и после секој настап одлични реакции и воодушевување и нови контакти за понатамошна соработка во истите или нови земји, па во најава за следната година покрај настапи во некои од наведениве држави има најава за настапи и на неколку нови дестинации надвор од Македонија- потенцираат од бендот.
Од музичарите во светот има многу имиња на кои им се поклонуваат на нивните дела, но не идолизираат никого, не иницираат ниту еден секуларен рок енд рол, но ги честат со сработеното и им благодарат многу за нашата широка телесна планета, обожавање премногу музика и многу добри хитови без кои светот не бил исто место за живеење.
А, многу интересни случки им ја одбележаа кариерата. Некои навистина страшно интересни.
- Интересни настани, интересни настани на патувања поврзани со нас, кои вообичаено се случуваат во извезените 300 000 км. околу нашата кариера. Така се случија и неочекувани несреќи , летавме на замрзнат пат, се лизнавме и одлетавме од некоја патека или некој невнимателен возач нè удри во средина на камионот, избегнувајќи сериозни последици...Филм за хорор, така некако би ги нарекле овие случки- низ смеа ни одговорија.
Но, што е клучно за да се биде добар бенд? Она што е најважно за секој бенд според нив е да го носите, да го свирите на усните, да имате единство, почит и разбирање во самиот бенд.
-Мораме да признаеме дека звукот на музика во нашето опкружување е тешко да се замисли. На поширокото подрачје на Балканот, многу знаеме енормен шунд, квази култура, накитот на „музичарите“ и културниот план на медиумот, независно од средниот формат, форсирање и маркетинг што се шутира, односно турбофолк и слично, каде е медиумот нивната вест и преокупација во кој турбофолкот гори за долна облека што ја носите.Додека овој вид музика е присилно промовиран во клубовите и другите локалитети од целиот регион, многу е тешко да се функционира со нашиот стил на музика, но од друга страна борбата против овој вид квази културно влијание им дава моќ на увото и елан да создаваат, толкуваат, да дејствуваат со надеж дека некогаш, може да се појават културни штети од секаков вид, наместо „пејачи“ или политиката да биде главниот „мотор“ во едно општество. Овие простори изобилуваат со прекрасни уметници, културни деца од секој калибар и срам е што ова им се дава на маргините на оваа заедница- децидни се од The Backdoor Band.
Инаку, Охрид, како нивен роден град и како еден од нашите поубави градови, со своето природно, историско и културно богатство и лишување, има премногу позитивна енергија и има потреба од премногу инспирација за секој вид уметност што ја трошат. Долго време размислуваат и се во некоја фаза во креација на песна посветена на Охрид.
Како следен и најважен проект е издавањето на нивниот долго најавуван прв албум, а покрај тоа и повторно организирање на Truck & Roll фестивал, кој во изминативе две години паузираше поради како што велат „немање доволно слух за соработка со надлежните“, па се надеваат дека оваа година ќе најдат заеднички јазик со нив. Тука се секако и плановите за настапи во неколку европски држави, издавање и на некој нов видеозапис...
- Ви благодариме за поканата во ова интервју за вашиот портал, ни беше посебна чест и задоволство, се гледаме во некоја наредна прилика со нови нешта на нашиот бенд. За крај, Ве поздравуваме со нашиот слоган ALL FOR ONE - ONE FOR ALL , ALL WE NEED IS ROCK N ROLL.
Небојша Толески