Силк Роуд Банка воведува нов комбиниран производ – Инвестициски депозит
Следејќи ги динамичните финансиски трендови, а со цел интеграција на сигурноста и инвестициите, Силк Роуд Банка АД Скопје, во соработка со друштвото за управување со инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, го проширува своето портфолио нафинансиски производи и услуги и воведува нов комбиниран производ, Инвестициски депозит за своите клиенти.
Овој производ претставува комбинација од орочен депозит во Силк Роуд банка и купување на удели во отворениот инвестициски фонд Генерали Топ Брендови.
Минималниот износ на влог изнесува 6.000 МКД, односно 100 ЕУР, со рок на орочување 25 или 36 месеци. Клиентите што ќе се одлучат за Инвестициски депозит во МКД, ќе добијат фиксна, вкупна каматна стапка од 3,70%, односно Инвестициски депозит во ЕУР од 3.20% на 36 месеци.
Инвестицискиот депозит нуди многубројни предности, меѓу кои можност за остварување повисоки приноси, професионално и безбедно управување, диверзификација и понизок ризик.
Силк Роуд банка во континуитет воведува нови и иновативни производи, истовремено овозможувајќи софистициран и напреден консалтинг и оптимално управување со средствата на клиентите преку производи кои соодветствуваат со нивните моментални потреби и обезбедуваат идна финансиска стабилност.
Повеќе информации за производот Инвестициски депозит може да се најдат на веб-страницата на Банката silkroadbank.com.mk, во која било експозитура на Банката или преку повик во Контакт центарот на телефонскиот број 2 32 51 900.
ПР објава