Симоболот на мирот: Сепак е претставен ужас

Меѓународниот симбол на мирот е дизајниран од уметникот и професионален дизајнер Џералд Холтом во 1958 година. Тој го создаде како лого за Кампањата за нуклеарно разоружување. Симболот е создаден со комбинирање на симболите за буквите N и D (eng. Nuclear Disarmament) во т.н. семафорски сигнали кои се дадаваат со подигање знамиња.

Симболот за буквата N е Λ, а за буквата D е |. Тие два симболи се поставени во круг. Дизајнерот ја видел симболиката на знакот и во тоа што наликува на стоечки човек со раширени раце, во очај поради ужасот на војната. Логото никогаш не беше заштитено со авторски права, па набрзо беше усвоено како меѓународен симбол за мир.