Девојки // Девојки
Сите гледаа во неа: Георгина Родригез ѕвезда на Фудбалските награди во Дубаи, еве зошто
Кристијано Роналдо беше прогласен за најдобар играч на векот во Дубаи. Фудбалерот пристигна на доделувањето на Глоуб Фудбал наградите со својата вереница Георгина Родригез.
Убавата Шпанка го засени својот вереник и ги остави сите присутни без здив.
Георгина носеше црвен фустан на доделувањето на наградите, кој ги откриваше нејзините нозе и биста, а се чини дека повеќето фотографи ја бркаа само неа. Вратоврската на Роналдо одговараше со бојата на нејзиниот фустан.
Семејството на Кристијано Роналдо веќе неколку дена е во Дубаи, а престојот го искористија за краток одмор.
Фото: EPA
Видео: Твитер