Сите пеевме и танцувавме на „Макарена“, но дали знаете за што се пее во песната? (ВИДЕО)

Фото: Youtube printscreen/ LosDelRioVEVO

Многумина не го знаеја ова!

Корисникот на сè попопуларната социјална мрежа, претежно кај помладата популација - ТикТок, кој објавува видеа под корисничкото име Peakay81, направи вистински хаос поради неодамна објавениот клип.

Имено, овој млад човек се осврна на песната што ги одбележа животите на сите нас - познатата „Макарена“, која беше објавена од популарното шпанско дуо Лос дел Рио уште во 1993 година.

Иако оваа песна „преживеа“ до ден-денес, затоа често се игра на забави каде скоро сите на шега ја изведуваат познатата кореографија, малкумина се прашуваа за што всушност се пее во овој хит, со кој сакаат да танцуваат дури и најмладите.

Гореспоменатиот тиктокер предизвика лавина коментари кога објасни дека станува збор за девојка која одлучила да спие со двајца пријатели на нејзиниот партнер додека тој е надвор од градот.


- И не грижи се за моето момче Виторина. Јас не го сакам, не можам да го поднесам. Тој не беше ни добар, па ... Што да правам? Тој е надвор од градот, а неговите двајца пријатели изгледаат многу добро ... - гласи дел од текстот на оваа песна, како што објасни тиктокерот.

Сите оние кои го следат овој тиктокер беа воодушевени, а наскоро почнаа да следат коментари: „Ви благодарам што ми го уништивте детството“, „Па, танцував на оваа песна на свадбата“, „Дури им танцував на моите деца и тие научија да играат на кореографија за 'Макарена'“.



Видео: ТикТок и Youtube