Сите се фалат- евтин пијалак кој топи маснотии: Пијте го навечер, а резултатите се фантастични
Вишокот килограми најчесто се распределуваат нерамномерно на фигурата, а познато е и дека со текот на годините маснотиите главно се таложат на стомакот.
Најчестото решение - физичката активност и исхраната, обично не даваат брзи резултати, речиси е невозможно да се ослободите од салото од одреден дел од телото. Во тоа можат да ви помогнат пијалаците кои го забрзуваат согорувањето на маснотиите, а кои многу лесно се прават дома.
Овие пијалаци по правило содржат евтини состојки кои лесно може да се најдат во секоја продавница, а ќе ви помогнат не само да се ослободите од вишокот килограми, туку и да го исчистите телото од токсините.
Пијалаците кои согоруваат маснотии се подготвуваат непосредно пред да се консумираат, бидејќи само така ги задржуваат сите свои корисни својства. За подготовка користете само ледена вода, оваа температура ќе го испровоцира телото да потроши максимално количество енергија за варење.
Исто така, важно е никогаш да не користите газирана вода.
Додека ги пиете овие пијалаци, многу е важно да не јадете ферментирани млечни производи со малку маснотии. Тие го спречуваат телото да согорува масти.
А овој пијалак кој денес го споделуваме со вас ќе ви помогне бргу да го стопите салото.
Тајната состојка на овој пијалак е лимонот чиј сок ја зголемува ефикасноста на согорувањето на мастите.
За подготовка на овој пијалак потребни ви се следниве состојки:
- голема количина магдонос
- 1 лажичка јаболков оцет
- 1 кафена лажичка цимет
- 1 лажица рендан ѓумбир
- лимон
- половина литар вода
Начин на подготовка:
Сите состојки се ставаат во блендер и убаво се блендираат да се добие густа смеса. Додадете им ледена вода и пијте пред спиење. Наутро веќе ќе се чувствувате полесни, ќе го исфрлите целиот вишок вода од телото, а мастите ќе почнат да се топат. Пијте го овој напиток секоја вечер во текот на еден месец и резултатите ќе бидат повеќе од видливи. Маснотиите од критичниот среден дел во голема мера ќе се стопат, а стомакот ќе биде рамен.
Фото: freepik/unsplash
Извор: пинк.рс