Сите се плашат од овој брод: Зошто?
Што може да стори моќниот воен брод „Москва“, кој Русија неодамна го испорача во близина на Латакија и е подготвен да „уништи се што може да ја загрози нејзината воздушна база во Сирија“?
„Москва“ е водечки брод на Црноморската флота и истиот беше испратен во Сирија како дел од воената надградба со цел да се зајакне безбедноста на воздушната база во Латакија.
Рускиот Генералштаб соопшти дека „Москва“ ќе ги покрие сите руски авиони и ќе реагира на какви било потенцијални закани.
Крстосувачот „Москва“ е засилен со долготрајниот противвоздушен ракетен комплекс С-300М „Форт“, неговиот фонд за муниција се состои од 64 проектили. „Форт“ може да погоди цели на оддалеченост од 90 км со ракетна брзина до 2.000 м / с.
„Москва“ во суштина е поморска верзија на системот за воздушна одбрана со долг дострел С-300. Покрај ракетите, рускиот брод е вооружен со противракетни и анти-подморнички системи и торпеда.