Сите се прашуваат дали коронавирусот ќе исчезне со топлото време: Се огласи кинескиот научник
„Нема потврда дека времето влијае на ширење на коронавирусот„, изјави на прес- конференција Као Веи, заменик директор на заразни болести во болницата Peking Union Medical College.
Кина бележи пад на бројот на нови инфекции со коронавирус, но поголемите градови како Пекинг и Шангај продолжуваат да се борат со случаи на патници кои доаѓаат од странство заразени со коронавирусот.
Сезоната на грип обично завршува во март и април, па експертите се прашуваат дали истото може да се случи со пандемијата на коронавирусот.
Вируси од грип или настинка имаат тенденција да се повлекуваат во потоплите месеци.
Но, многу е неизвесно дали коронавирусот SARS-CoV-2, кој предизвика ширење на болеста наречена Ковид-19, ќе се однесува на ист начин.
Научниците кои моментално го проучуваат ова прашање велат дека е рано да се предвиди како ќе се однесува вирусот кога ќе се променат временските услови и ќе доаѓаат потоплите месеци.
Исто така, во топлите краеви на земјината топка каде има заразени од коронависрусот, нема податоци дека топлото време може да помогне во борбата.