„Сите сме обични просјаци за љубов“: ГУРУ ОТКРИВА ЗОШТО СМЕ НЕСРЕЌНИ
Oшо, индиски гуру познат и по името Рајниш, остана запаметен по мудрите совети, изреки и учења. Тој одамна ја опиша и човечката потреба за љубов, на целосно поинаков начин во однос на оние кои ни се познати. Прочитајте и размислете.
Вие сакате некој да ве сака, и ако некој ве сака, вие се чуствувате добро. Но тоа што не го знаете е дека другите ве сакаат само затоа што тие сакаат и вие да ги сакате нив. Тоа е исто како кога некој фрла мамка за риби: тој не го фрла тоа за да јадат рибите, тој ја фрла мамката за да ги улови.
Тој не сака да им дава храна на рибите, туку тоа го прави затоа што сака да ги фати. Сите луѓе кои наоколу гледате дека се во љубов, тие само фрлаат мамка за да ја фатат љубовта. Тие на момент ќе бидат мамец додека другата личност не почне да чуствува дека тука постои можност да ја добие љубовта.
Тогаш и тој ќе покажува љубов, додека двајцата не сфатат дека се просјаци. Тие направиле грешка: секој мислел дека таа другата личност е цар. Во некое време двајцата сфатат дека не добиле љубов од оној другиот, а тогаш настануваат непријателствата.
Поради тоа за брачниот живот се мисли дека е пекол, бидејќи сите вие сакате љубов, но не знаете како да ја дадете. Тоа е основниот причинител на сите судири. Се додека не се случи она за што ви зборував, односот помеѓу мажот и жената никогаш нема да биде хармоничен, без разлика какво усогласување ќе направите, без разлика каков брак ќе имате, без разлика какви правила ќе ви наметнува општеството.
Единствен начин да го направите односот подобар е да сфатите дека љубовта само може да се дава, а не да се бара. Таа може само да се дава. Било што да примите е благослов, тоа не е награда за љубов. Љубовта се дава и се што примите е само благослов, тоа не е награда. Дури и ако ништо не примите, вие секогаш сте среќни што сте можеле да давате.