Сите во вода, тие на планина: Миле Паника спортува на +30, Каролина Гочева истражува
Продолжениот викенд, големот празник и екстремно топлото време скоро сите не „натераа“ да излеземе од нашите домови. Кој во Охрид, Дојран или Преспа на езеро, кој покрај река, некои во село, а некои на планина.
Токму планините беа предизвик за Бранко Огњановски
ака Миле Паника и нашата музичка дива Каролина Гочева. И двајцата се одлучија
за разладување во височините, ама на сосема различни планини. Сето тоа го прикажаа
на „Инстаграм стори“.
Бранко беше во Маврово и пошироката мавровска околина. Познат е по тоа што сака да спортувува со велосипед, па со соодветна опрема, добро друштво и желба за чист планински воздух, го „впергна“ велосипедот и се впушти во акација. Покрај Маврово, го посети и Галичник.
Каролина замина за родната Битола и се реши заедно со внуките, сестрата, зетот и сопругот Михаил да одат во ладовина, се разбира, На Пелистер. По посетата на Копанки, се впуштија во авантура низ шумата.
И двајцата мора да признаеме дека дадоа одличен пример како да се помине викендот. Ем чист воздух, ем полнење на батерии, ем нема многу луѓе, ем исполнети со свежина.