Скај Круз - летачки хотел на нуклеарен погон за 5.000 гости
Луѓето целосно полудеа поради видеото каде може да се види неверојатен авион кој потенцијално би бил управуван од вештачка интелигенција и кој никогаш не би морал да слета ...
Дизајниран од Хашем Ал-Гали, овој концепт наречен Sky Cruise, во суштина претставува воздушен хотел кој доаѓа со дваесет нуклеарни мотори и капацитет за пет илјади патници.
Ал Гали го нарече својот авион иднината на транспортот и објасни дека конвенционалните авиони слични на фериботи ќе доставуваат патници и стоки во авион на Скај Круз, кој никогаш нема да ја допира земјата и на кој сите поправки ќе се вршат при лет.
Известувајќи за револуционерниот дизајн на Ал-Гали, новинарите на Deily Star прашаа за бројот на пилоти кои би управувале со оваа летечка тврдина, на што дизајнерот одговорил: „И покрај сета денешна технологија, дали сè уште сакате пилоти? Верувам дека овој проект ќе биде целосно автономен“.
Сето тоа е чудесно и прекрасно, но Sky Cruise без сомнение ќе бара голем број на персонал задолжен за одржување и сервисни продавници бидејќи во него ќе има голем трговски центар, бројни базени, спортски сали и кина.
Во видео рендерот на овој мега-авион објавен на каналот на дизајнерот на Youtube, со наслов: Футуристички хотел над облаците, можеме да ги видиме неговите мамутцки димензии кога е поставен до обичен авион и неговиот опис како „идеална локација за меден месец“.
31-годишниот научен комуникатор и видео продуцент е роден во Јемен, но моментално живее и работи во Берлин, според неговата веб-страница. Еден дел од биографијата на Ал-Гали вели: „Молекуларен биолог по професија, Хашем го користи своето знаење и љубов кон науката за да ја едуцира јавноста преку социјалните мрежи и создавањето видео“.
Услугите за кои е специјализирана Ал-Гали вклучуваат гласовно ангажирање, создавање содржина и дигитален маркетинг. Во 2018 година тој даде увид во можностите за подобрување на образовниот систем и како целиот училишен систем може да стане подобар.