Забава // Музика и филм
Скопскиот рок состав „Lincoln Letter“ најавува вестерн музичка приказна на македонски начин
Мизиката на вестерн филмовите секогаш знаела да биде примамлива, интересна и необична за сушање.
Токму младиот скопски рок бенд „Lincoln Letter“ е инспирирн од овој жанр, а новиот албум „Bedtime Stories“ содржи 12 песни како засебни вестерн приказни.
Нивниот прв самостоен концерт ќе го одржат во денсинг салата во МКЦ на 29 декември во 20 часот, со бесплатен влез за сите посетители. Од бендот кој го сочинуваат Јаков Наумоски, Јулијан Мицевски, Борјан Гаговски и Стефан Сајковски ветуваат добра забава и дека ќе биде многу гласно.
По концертот, за слушателите ќе бидат достапни и бесплатни „download“ кодови за албумот.
Во продолжение, ви претставуваме видео спот за нивниот прв сингл „The Man Who Became Legend“: