Скромност или вистина: Заев и Колинда, најевтино облечени меѓу колегите
Не дека не се облекуаат скапо овие лидери, ама секој со својот различен вкус... други без вкус, трети веќе не знаат што да направат за да бидат центар на внимание.
Балканските политичари важат за луѓе кои имаат најмалку
стил на облекување од нивните европски колеги. Не оставаат некој посебен
впечаток со тоа што го носат (има само еден екстремен случај) и најчесто одат на сигурни
варијанти. Претежно во костуми кои иако елегантни, некако не им стојат
елегантно. Се разбира, не кај сите и не кај секој. Ние сме навикнати да ги
гледаме „уфирцани“ па кога ќе се облечат во спортска варијанта некако дури и ни
се смешни. Имаат потполно право да се облекуваат така, но само во приватност,
на некој спортски настан или кога се на терен кој бара наместо чевли да се
носат патики. Токму Балканските лидери знаат да изненадат со патики и спортска
облека, но колку таа чини? Или воопшто, колки чинат одделни парчиња кои ги носат
на себе?
Премиерот Зоран Заев
Неодамна го видовме во фармерки и патики, возејќи се на мотоцикл. Не е прв пат да биде облечен во спортска облека, иако мора да се признае дека добро му стои. За кошулата веќе први напишавме дека е на брендот „Астон Мартин“ и дека чини 182 евра.
Со ова, тој е „најевтино„ облечениот почитичар за разлика од неговите балкански колеги, но не секогаш и не постојано.
Александар Вучиќ, Претседател на Србија
Тој е мегаломан. Иако постојано тврди на медиумите дека е скромен, тоа по се изгледа не важи и за неговите патики. Чинат скоро 506 евра, на Ерманегилдо Зегна. Се облекува спортски и таму кај што не треба.
Во една прилика носеше убава јакна, но убави се и парите кои ги потрошил за да ја купи. Чини точно 2.925 долари или 2.662 евра на Лоро Пиана.
Инаку, често нагласува дека платата му е 1.000 евра.
Колинда Грабар- Китаровиќ, Претседателка на Хрватска
Оваа дама е дама во вистинска смисла на зборот и не се расфрла многу со скапи парчиња. Во светските модни списанија е претставена како личност со софистициран стил. Неодамна, направи липосукција и сега изгледа уште поубаво. Претседателката носи претежно дизајни од хрватски дизајнери и тоа е за секоја пофалба. Најпродаваниот фустан во историјата на Хрватска е токму оној кој таа го носеше кога за прв пат се сретна со американскиот претседател Трамп и секако, со Меланија. Фустанот е на Снежана Мехун, а неговата цена изнесува 186 евра.
А, нејзини омилени патикики се од бренот „Њу баланс“ кои чинат 70 евра.
Еди Рама, Премиер на АлбанијаНикој од горе споменатите не може да го замени во изборот на патики. Тој ги има за секоја пригода. Толку многу се зборуваше за неговиот стил што медиумите веќе не знаеја за што побрзо да известуваат. Многу ексцентричен во облекувањето, дури и екстремен на моменти. Комбинира се и сешто. Патиките ги носи на костум. Некои чинат 245 долари или 223 евра, а за некои се верува дека ги има купено и за 10.000 евра.
Носи необични панталони, како оние на Јамамото со цена од 962 фунти или 1.064 евра.
Небојша Толески