Славниот Леонардо Ди Каприо: ПАРИТЕ НЕ НОСАТ СРЕЌА

Еве што рече славниот актер за славата и богатството ...

Леонадро Ди Каприо е дефинитивно еден од најуспешните и најпознатите актери на сите времиња. Како актер, тој започнал да се пробива во Холивуд како дете, а со улогата на Џек во „Титаник“ се здоби со светска слава, што го смести во легендите.

Благодарение на неговата богата актерска кариера, Ди Каприо се здоби со прилично големо богатство на кое повеќето му завидуваат, но славниот актер има поинаков поглед на парите и им порачува на своите обожаватели да не гледаат на тоа како благослов.

„Богатството и успехот не носат среќа. Се согласувам дека парите носат многу нешта, но тие не носат среќа. Со пари и слава доаѓаат многу проблеми и вознемиреност, поради што можете да ги замразите парите. Среќата е кога сте нормални, кога можете да се движите слободно, кога поминувате време со семејството и кога имате пријатели на кои секогаш може да се потпрете “,  рече Ди Каприо пред сите свои обожаватели.

Иако има големи суми пари, тој се обидува да живее колку што е можно скромно и е еден од ретките скромни актери што не се фали и кој не ги троши парите на глупости. Лео ги донира своите пари во повеќето случаи и е еден од најголемите заштитници на планетата Земја, па затоа се обидува да ја исчисти планетата и да спречи глобално затоплување, што според него е најголема закана за човештвото.

Фото: USA Today