Следете го UEFA EUROTM 2024 на светскиот број еден Hisense телевизор од 100 инчи

Hisense е глобален лидер во ТВ индустријата во категоријата телевизори од 100 инчи. Оваа престижна титула е освоена благодарение на иновациите и напредните технологии кои ги користи Hisense. Покрај тоа, потрошувачите препознаа одличен квалитет за вложените пари, по што компанијата отсекогаш била позната.

Глобалното признание доаѓа во вистински момент - кога Hisense ја реализира својата кампања BEYOND GLORY по повод шампионатот UEFA EUROTM 2024, кој оваа година се одржува во Германија. Благодарение на специјалните промоции, сите љубители на фудбалот и страсните фанови имаат можност да ги проследат сите натпревари на најдобар начин досега на еден од најдобрите ULED Mini-LED телевизори!  

Глобален партнер на UEFA EUROTM 2024

Во годината на фудбалот и годината на спортот воопшто, и како официјален глобален партнер на UEFA EUROTM 2024 шампионатот, Hisense лансираше нова генерација телевизори за да им овозможи на потрошувачите возбудливо искуство во гледање спортски преноси и играње спортски видео игри. Со режими специјално создадени за спорт и гејминг, Hisense телевизорите ја поттикнуваат атмосферата на стадионот – во домот. Секој кадар е зајакнат со AI технологија и ги тера гледачите да уживаат во преносот како да се на натпреварот.

Моделот на телевизор од 100 инчи, благодарение на кој компанијата стана број еден во овој сегмент, Hisense Mini-LED Smart TV 100U7KQ, е достапен во продажните места на Сетек.

Hisense број два на глобално ниво

Покрај водечката позиција на пазарот на телевизори со голема дијагонала, Hisense го задржа второто место според обемот на испораки на телевизори на глобално ниво. Во текот на изминатата година, и според извештајот на Институтот за истражување на пазарот AVC Revo, Hisense испорача речиси 26 милиони телевизори, иако годината зад нас беше многу предизвикувачка и вкупниот пазар падна за околу 5,5 проценти. Во такви сложени пазарни услови, Hisense е единствениот бренд кој продолжи да расте шеста година по ред во исклучително силната конкуренција на топ 5 светски брендови на телевизори.

За да остане на врвот, компанијата континуирано ја проширува својата глобална стратегија и ги оптимизира деловните процеси во своите 34 индустриски паркови, преку 25 центри за истражување и развој и во 66 производствени капацитети надвор од Кина. Поради тоа, во изминатата година, испораката наHisense производите на странските пазари е зголемена за 12,2 отсто, а значително зголемување на испораките е забележано во северноамериканскиот и европскиот регион, каде што растот на Hisense е двоцифрен.

Со модерни технологии и иновации, Hisense ќе ја продлабочи врската помеѓу UEFA EUROTM 2024, навивачите и љубителите на фудбалот, но и преку спортската маркетинг стратегија BEYOND GLORY и специјалните промоции.

ПР објава