Снежна покривка и сончево време: Идеален викенд во Крушево

Доколку сакате некаде да отпатувате викендов, тогаш вистинското место за вас е Крушево. Таму ќе најдете забава за сите возрасти.

Ова се утринските фотографии од скијачката патека Станич лоцирана над градот.

До патеката која нуди денско и ноќно скијање може да стигнете по новоизграден пат или со жичарница која поаѓа од срцето на Крушево. Патеката е идеална за возрасни и деца.

За вљубениците во адреналинот, пак, на располагање е амфибија која ве носи до врвот Мусица за скијање по диви патеки и уживање во неверојатните глетки.

На Станич е лоциран и АЛТО Лаунџ барот за топли пијалоци, вкусна храна и забава со диџеј сет.

Доживувањето може да го комплетирате со престој во Панорама Хотел и Спа каде ве очекува врвно опуштање со затворен базен, сауна и масажа.

Снежната покривка на Бушева планина во комбинација со сончевото време гарантира викенд полн рекреација и забава. Да го искористиме!

Се гледаме на стаза!


*пр објава