Со Hisense инвертер клима уредите нема зима

Веќе пристигнуваат пониските температури и постудените денови, а зимата е на прагот. Една од најдобрите опции за греење е со помош на инвертер клима уред. Оваа технологија, покрај можноста за греење и ладење, обезбедува и прецизна регулација на саканата температура и значителна заштеда на електрична енергија, благодарение на што претставува најефикасно и најекономично решение. Исто така, поради нивните модерни и иновативни функции, за инвертер клима уредите се вели дека се уреди на иднината.

Во моментов, на специјалната промотивна Black Novemberакција во Hisense, е одличниот Easy Smart инвертер клима уред со 15% попуст и со ПОДАРОК Wi-Fi модул. Ви ги откриваме карактеристиките на овој уред, како и причините зошто ќе биде идеално решение за вашиот дом во текот на целата година.

Зошто климауредите со инвертер технологија се најдоброто решение за зимата?

Инвертер клима уредите имаат можност за загревање и при многу ниски надворешни температури, до -20°C. Благодарение на иновативната технологија, нема нагли промени на собната температура и се заштедува електрична енергија. Исто така, нема често вклучување и исклучување на уредот, што дополнително придонесува за заштеда. Тоа значи дека додека греете или ладите со инвертер клима уредот, всушност штедите струја!

На температура околу 0°C, кога сѐ уште има многу влага во воздухот, надворешната единица лесно може да замрзне, што влијае на работата на клима уредот. Easy Smart инвертер клима уредотод Hisense, кој е дел од ноемвриската промотивна акција, има патентирана DeFrost технологија која ја одмрзнува надворешната единица при температури под 0°C. Со одличниот капацитет за греење ви овозможува да уживате во топлината дури и во најстудените денови од годината.

Паметно и лесно управување

Како дел од ноемриската акција на Hisense, покрај промотивната цена, дополнителна погодност е што добивате подарок Wi-Fi модул со секој Easy smart клима уред. Со овој модул, можете да го контролирате вашиот Hisense климатизер од каде било користејќи го вашиот мобилен телефон и Wi-Fi конекцијата, користејќи ја апликацијата ConnectLife. Така, ќе можете да создадете пријатна атмосфера во домот пред да се вратите дома или да се уверите дека на вашите миленици им е удобно во секое време, додека вие не сте дома.

Подобар, почист и посвеж воздух

Покрај тоа што е ефикасен, лесен за користење и добар за паричникот, овој клима уред е дизајниран да го заштити нашиот дом, но и нашето здравје. Во текот на работниот процес воздухот минува низ филтер со активен јаглен, кој покрај честичките, фаќа и хемикалии, издувни гасови и чад од цигари. Затоа, ова е совршено решение да го апсорбира и да го отстрани непријатниот мирис за да можете да уживате во свежиот и чист воздух.

Подготвени за светското првенство

Инвертер клима уредот ќе ви се „најде“ додека ги гледате натпреварите во Катар, од удобноста на вашиот дом. Hisense, кој е генерален спонзор на FIFA World Cup Qatar 2022™, ќе обезбеди пријатна температура и најдобри услови за следење на натпреварите.

Искористете ги одличните попусти до крајот на месецот со Hisense.

пр објава