Со SuperMart купувањето онлајн станува супер лесно

SuperMart е најновиот македонски e-commerce сајт кој има широка палета на производи од голем број производители, како странски така и домашни македонски. Својата супер приказна, SuperMart ја започна со новата година и веќе бележи одличен интерес од македонските купувачи. Со корени во Естонија и сѐ поширока мрежа на сестрински фирми во регионот (Бугарија и Албанија) SuperMart својата мисија веќе ја има добро дефинирано и работи на нејзино остварување. Мебел за домот, електрични уреди и бела техника, детски играчки, канцелариски материјали, спортска опрема и уште многу, многу други категории на производи веќе се дел од понудата на SuperMart.

„Македонскиот e-commerce пазар во периодот по пандемијата доживеа бум.“ – вели Роберт Тодоровски CEO на SuperMart – „Се појавија голем број на сајтови кои нудат слични услуги, а некои од нив инстантно се фокусираа на себе и градење на својот имиџ наспроти искуството на клиентот кој ги користи нивните услуги. А македонските купувачи многу добро знаат што сакаат, без разлика на она што им е досега понудено.“

„Од тука се роди идејата  SuperMart да е производ на оваа едноставна потреба македонскиот e-shopper да има супер искуство при купување онлајн.“ – вели Тодоровски – „Што значи тоа? Купувачот супер лесно да го пронајде она што му треба, супер едноставно да го нарача и плати и супер брзо да го добие на домашна адреса. Голема предност во нашиот случај е токму нашата поврзаност со Естонија, каде e-commerce бизнисот е одамна развиен на многу повисоко ниво од нашето, па од тука експертизата на нашите колеги од Естонија ни отвара нови можности и интересни пристапи кон работењето.“

Покрај останатите добавувачи и соработници, SuperMart ја има клучната конекција со IUTE, реномираната компанија за кредитирање и финансиско работење. Соработката со IUTE е супер за купувачите пред сѐ. Покрај нашите постојани попусти, промоции и супер понуди, SuperMart овозможува плаќање со IUTE Smart на 6 месечни рати со неверојатни 0 денари трошоци. Корисниците во само неколку минути ќе можат да ги купат саканите производи и да ги платат на рати без да потрошат ниту еден денар.“ – изјави Тодоровски – „Ова само ја зајакнува нашата идеја за што покомотно искуство на купувачот.“

SuperMart веќе е активен на македонскиот онлајн шопинг простор, а целосната понуда, заедно со сите промоции и предности се достапни на нивниот сајт Supermart.mk, но присутни се и на најпопуларните социјални мрежи како FacebookInstagram и LinkedIn.

*пр објава