Создаден првиот шлем за раст на косата
Дали е ова решение за сите мажи кои ја губат косата ...
Стравот од опаѓање на косата е многу чест кај мажите, особено кај оние кои имале подолга и погуста коса во својата младост, а подоцна влегле во проблем каде косата станува слаба и проретчена. Мажите обично мислат дека без коса ќе изгледаат погрдо и постаро и на тој начин нема да изгледаат доволно привлечно. Затоа мажите најчесто не сакаат да го прифатат тоа...
Трансплантација на коса и модерни препарати се едни од главните трикови што мажите ги користат со цел да се запре опаѓањето на косата и да се намали ќелавоста. Сепак, сега се чини дека добиваме уште една помош, во форма на футуристички шлем.
LG создаде специјален шлем кој го стимулира растот на косата и ги враќа старите фоликули на косата што паѓаат или повеќе не растат. Овој шлем содржи специјални ЛЕД диоди и 146 мини ласери кои го стимулираат темето на вашата глава за време на третманот и со тоа ја поттикнуваат косата да се обновува и расте. LG вели дека овој шлем е сè уште во фаза на тестирање- пред крај се, но дека тие веруваат дека ќе донесе вистинска револуција и дека ќе спречи ќелавост кај сите мажи кои не го сакаат тоа.
Информациите за цената, како и датумот кога ќе се појави на продажба сè уште не се достапни, но LG вели дека наскоро ќе објави вистинско официјално соопштение што ќе ни даде повеќе детали.