СП Катар: Хрватска игра за осминафинале, заглавена ситуација во конкуренцијата „Е“
Денеска на мундијалот нови четири средби, разврска во групите Е и Ф.
Интересно и неизвесно е во групата Е, сите репрезентации имаат можност за пласман понатаму, Шпанија – Јапонија и Германија и Костарика играат од 20 часот.
Најповолна ситуација имаат Шпанците со четири бодови, со реми против Јапонија одат во осминафиналето.
Германија со само бод од две кола, има императив за победа против Костарика што ја носи во осминафинале понатаму, но зависи од резултатот Јапонија - Шпанија, каде не смее да загуби „црвената фурија“.
Доколку Германија победи, а Јапонија одигра нерешено, селекцијата со подобра гол разлика или повеќе постигнати голови ќе оди во следната фаза...
Во групата Ф, Канада нема шанси, а три селекции се борат за осминафинале, Хрватска, Белгија и Мароко, средбите се играат од 16 часот.
Хрватите можат до осминафинале со победа или нерешно против Белгија, во опција е пласман понатаму и со пораз, но во случај да загуби и Мароко кој ќе квалификува со победа или реми против Канада.
Белгија во нокаут рундата може со победа над Хрватска, со нерешено, но и пораз на Мароко од Канада од најмалку три гола разлика.