СП КАТАР: Англија го декласира Иран, најави борба за титула на мундијалот

Англија комплетно доминираше и го декласира Иран со 6-2, прво коло во групата Б, во која се уште и САД и Велс.

Комплетна доминација на Англија, со головите на  Џад Белингем и Букајо Сака кои по два пати се запишаа во листата на стрелците, а која ја комплетираа Стерлинг, Рашфорд  и Грилиш.

Интересно, натпреварот имаше две екстра продолженија во првиот и вториот дел, дури 24 дополнителни минути за вкупно 116  минути игра на денешната средба.