СП Катар: Аргентина мора да победи, дерби Данска-Франција

Продлжува фудбалскиот спектакл во Катар, и денеска четири меча, европско дерби, Франција-Данска, а Аргентина ако сака да го продолжи престојот на светското првенство, мора да го победи Мексико.

Денешната програма започнува со дуелот Тунис-Австралија од 11 часот, продолжува со мечот Полска-Саудиска Арабија од 14 часот, натпревар на кој Полјаците мора да победа.

Во 17 часот се среќаваат Франција и Данска, додека од 20 часот Аргентина која загуби од Саудиска Арабија се среќава со Мексико и мора да победи.