Спорт // Спорт
СП Катар(ФОТО): Фудбалски маратон и денеска, Хрватска доби порака од плажа пред дуелот со Мароко
Денеска се играат четири средби на мундијалот во Катар, програмата започнува од 11 часот, Хрватска се среќава со Мароко.
„Коцкестите“ сакаат победнички почеток на светското првенство, имаат голема група на навивачи кои се во Катар, а добија и специјална порака.
Втората средба се игра од 14 часот, Германија е фаворит против Јапонија, во 17 часот Шпанија се среќава со Костарика, додека во вечерниот термин од 20 часот, Белгија очекува триумф против незгодната Канада.