СП Катар: Хрватска и Мароко во осминафинале на мундијалот

Репрезентациите на Хрватска и Мароко обезбедија пласман во осминафиналето на СП во Катар.

Хрватска и Белгија иако одиграа нерешено без голови, прикажаа голема борба и игра со многу шанси, но мрежите мируваа.

Белгија испадна а Хрватска како втора оди понатаму од групата Ф.

Мароко заврши како прв иако не беше меѓу фаворитите во групата, ја победи Канада со 2-1, и оди во осминафинале.

По катастрофалната грешка на голманот на Канада, Борјан, Мароко поведе со голот на Зијеш.

ВИДЕО:

https://twitter.com/PointsBetUSA/status/1598332686799671298

До крајот на мечот, Мароко поведе со 2-0 преку Ен Несири, а Канада намали на конечни 1-2 со автоголот на Агуерд во 40 минута.