СП Катар: Меси денеска може да го заврши настапот на мундијалот, за тоа може да се погрижи Левандовски но и Саудиска Арабија

Денеска се играат уште четири средби на мундијалот во Катар, можно е за Аргентина или Полска да завршат натпревари на светското првенство.

Во конкуренцијата Д, Австралија и Данска играат директен дуел за осминафинале, додека Тунис игра против Франција.

Поинтересно ќе биде во конкуренцијата Ц, можно е Меси или Левандовски да го завршат настапот на мундијалот.

Полска и Аргентина играат дерби за осминафинале, Меси и другарите се втори со 3 бода, Левандовски и соиграчите имаат 4 бода на првото место, победникот сигурно оди во следната рунда, додека поразениот ќе се пакува.

Саудиска Арабија се среќава со Мексико и се надева на победа и пласман во нокаут рундата.

Можна е и разврска во која Аргентина и Полска да одат во осминафинале, а Саудиска Арабија да испадне, за тоа да се случи, потребно е Мексико да победи или да одигра нерешено, а Аргентина да не загуби од Полска.