СП Катар: Познати првите осминафинални парови, денеска уште два патника официјално во осминафинале
На мундијалот во Катар познати се првите две осминафинални двојки по дуелите во А и Б конкуренцијата.
Холандија со 2-0 стигна до триумф против Катар, Сенегал со 2-1 беше подобар од Еквадор и обезбеди осминафинале и дуел со Англија.
Англија со 3-0 го прегази Велс, додека САД го совлада Иран со 1-0, по ова познати се првите две осминафинални двојки, средбите се играат на 3 и 4 декември.
16:00 (3 декември) Холандија – САД
20:00 (4 декември) Англија – Сенегал
Денеска се играат уште четири средби, во конкуренцијата Д, Австралија и Данска играат директен дуел за осминафинале, додека Тунис игра против Франција.
Во конкуренцијата Ц, Полска и Аргентина играат дерби за осминафинале, Меси и другарите се втори со 3 бода, Левандовски и соиграчите имаат 4 бода на првото место. Саудиска Арабија се среќава со Мексико и се надева на победа и пласман во нокаут рундата.