СП Катар: Сензација, Мароко во четвртфинале, Шпанија се враќа дома (ВИДЕО)

Мароко испиша историја и за прв пат стигна до четвртфинале на едно светско првенство, ја елиминира Шпанија по пенал серијата, Хакими го постигна клучниот пенал во последната серија.

На „Едукејшн Сити“, по 120 минути игра мрежите мируваа, во пенал серијата блесна голманот на Мароко, Боно одбрани три пенали, а во клучната серија, Хакими погоди за историско четвртфинале.

Сабири, Зијеш и Хакими за конечни 3-0 по пеналите, Мароко во четвртфиналето го очекува подобриот од дуелот Швајцарија – Португалија.

https://twitter.com/dribling2021/status/1600188507191791619