Спорт // Спорт
СП Катар: Србија мора да победи, последен ден со четири средби во четири термини на мундијалот
Денеска се играат последните натпревари од второто коло на мундијалот, програмата започнува со дуелот Србија и Камерун.
Натпреварот кој „живот значи“ за Србија и Камерун започнува од 11 часот, и двете селекции тргнаа со пораз во Катар, денеска поразениот ги завршува настапите.
Од 14 часот се среќаваат Јужна Кореа и Гана, во 17 часот Бразил се среќава со Швајцарија, и двете селекции победија во првата рунда, додека во вечерниот термин од 20 часот, Кристијано Роналдо ја предводи Португалија против Уругвај кој има бод по првиот меч.