Спајдермен склекови - одлична вежба за стомак

Дали сонувате за извајани стомачни мускули?

Не мора повеќе да сонувате за нив бидејќи можете да ги имате само со малку труд и добра пракса.

Склековите се една од најдобрите вежби за горниот дел од телото, бидејќи ги активираат рамената и градите, а варијации има колку сакате. Денешната варијација што ќе ви ја прикажеме е одлична за целиот горен дел од телото бидејќи ги зафаќа и стомачните - особено оние со кои повеќето од нас се борат, „страничните“ мускули. Затоа оваа вежба треба да ја вклучите во вашата дневна рутина за вежбање или тренинг.

Еве што треба да направите:

- Најпрво застанете во положба на штица, така што рацете ви се под рамениците, а телото ви е во права линија. Ако не можете да направите склек на овој начин, спуштете ги колената на подот.

- Додека ги свиткувате лактите кон надвор и го спуштате торзото кон подот, свиткајте го левото колено така што ќе го допре левиот лакт.

- Додека ги исправате рацете, вратете се во положбата на штица и полека спуштете ја ногата надесно. Потоа повторно спуштете го торзото, свиткајте ги лактите и кренете го десното колено до десниот лакт. Вратете се во првобитната положба.

- Ова се брои како едно повторување, а на вас е да направите колку што можете повеќе.



Извор: машкимагазин.рс