Српскиот тенисер ја шокираше јавноста: Ѓоковиќ не сака да оди во Токио?
Фото: Инстаграм/Новак Ѓоковиќ
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вели дека, доколку нема обожаватели/навивачи на Олимписките игри, ќе
размисли за патување во Токио
Олимписките игри се на програмата од 23 јули до 8 август, а еден од најдобрите српски спортисти на сите времиња ја шокираше јавноста по пласманот во полуфиналето на Србија опен во Белград.
Тенискиот ас го совлада Аргентинецот Федерико Корија во 55 минута со резултат 6: 1, 6: 0, а потоа зборуваше за Олимписките игри.
Јавноста во Јапонија е поделена околу одржувањето на Игрите. Организаторите тврдат дека не се зборува за откажување и дека ќе биде дозволено дури и присуство на публика до одредена мерка. Ако тоа се промени и трибините се празни, Новак не планира да патува во Јапонија!
- Се додека е дозволено присуство на публика на Игрите, планирам да играм. Засега е, иако капацитетот значително ќе се намали. Ако воопшто не беше дозволено доаѓање на навивачи, ќе размислев дали да одам во Јапонија. Одам за сега. Не можам да проценам дали е подобро игрите да се одржуваат или не. Јас дури и не знам точно колку јапонци се против игрите затоа што не сакам да се потпирам на насловите во медиумите, бидејќи има многу шпекулации и различни интереси - Новак е јасен и со тоа ги изненади навивачите.
На почетокот на сезоната, Новак изјави дека златниот медал на Олимписките игри е една од главните цели во оваа сезона, па затоа изненади што размислува дали да оди во Токио. Исто така, Токио може да биде последната шанса да го освои златниот медал што му недостасува.
Засега има само еден медал од Игрите, бронзата освоена пред 13 години во Пекинг. За време на Олимписките игри во Париз во 2024 година, тој веќе ќе има 37 години и ќе биде ветеран.