Спорт // Спорт
Стефан Колоски ја засили левата бековска позиција на Голден Арт КЛ7
Стефан
Колоски е нов играч на младиот тим на Голден Арт КЛ7. 24 годишниот
Стружанец доаѓа во Голден Арт КЛ7 од екипата на ГРК Тиквеш, за да ја
пополни левата бековска позиција и да ја зацврсти одбраната.
Претходно во својата кариера Колоски има настапувано и за Струга, Работнички и Јуниор КВ.
- "Драго ми е што сум дел од ваков проект насочен кон вложување во македонски ракометари. Можноста да тренирам во висок ритам, да добијам шанса и минутажа беа клучни за мојата одлука да пристапам на Голден Арт КЛ7. Стабилноста на функционирање на клубот ми е добро позната и можам да кажам дека сум одлично примен" - изјави Стефан после неколку тренинзи во новиот клуб.
ПР објава