Стефан Ристовски: Кога се игра за овој дрес, секогаш се игра на победа

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски на денешната прес конференција говореше за двете средби од пријателски карактер, во Скопје гостуваат Финска и Азербејџан.

Ристовски смета дека не е важно за каков меч станува збор, за овој дрес се игра секогаш на победа.

„Се чувствува замор, јас во Динамо имав многу натпревари. За некои играчи добро ќе дојдат овие средби, особено за оние кои имаат слаба минутажа. Не треба да бараме алиби, и треба сите да сонуваат да играат за репрезентацијата која е светост, и овие два натпревари треба да ги одработиме на најпрофесионален начин. Приоритет се победите, особено кога се игра за репрезентацијата, секој меч ни е добредојден и важен, низ вакви натпревари треба да се подобри самодовербата која лесно се губи, а тешко се стекнува, затоа се важни овие натпревари“ – рече Ристовски.

Дуелот со Финска се игра утре од 18 часот со пренос на Спортклуб.