Столе Димитриевски: Со помош на навивачите, можеме секого да победиме

Македонската репрезентација утре ја пречекува Грузија, Лига на нации, натпревар на две непоразени селекции.

Голманот Столе Димитриевски сака полни трибини, поддршка од навивачите, и ветува максимален ангажман за победа.

„Среќен сум  кога играм на домашен терен, посакувам  стадионот да биде полн и да добиеме голема поддршка од навивачите. Очекувам да ја сочувам својата мрежа, да не примам гол, ако успееме во тоа, мислам дека ќе го добиеме натпреварот со Грузија која создава многу шанси, но и ние можеме да им наштетите, – изјави Димитриевски.