СТОЛЕ СТОИЛОВ СТАНА ТАТКО, ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СЕ РОДИ БОЈАН

Ракометниот репрезентативец Стојанче Стоилов и неговата сопруга Деница станаа
родители. На 19 август во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се роди нивната прва среќа, малиот Бојан. За бременоста на Деница се грижеше д-р Гордана Петровска, која на свет го донесе нивниот син.

За Деница, бременоста била убаво и несекојдневно искуство, а породувањето момент кој засекогаш ќе биде дел од нејзините спомени.

„Бременоста ја поминав без никакви проблеми, доаѓав на редовни прегледи кај д-р Петровска и ги следев нејзините препораки. И покрај тоа што сме во ек на пандемија со коронавирус, бев спокојна бидејќи тука во болницата сите носат заштитни униформи, се внимава на секој детаљ за наша безбедност како пациенти.“

Покрај тоа што болницата „Аџибадем Систина“ се грижи за спортските повреди на Стоилов, тој и неговата сопруга одлучиле да ја одберат болницата и за следење на бременоста и породувањето. 

„Со болницата имам одлично искуство, долги години моето здравје го доверив на професионалците кои работат тука, и затоа токму ‘АџибадемСистина’ е местото кое го одбравме со Деница за најубавиот момент, доаѓањето на свет на нашето дете. Им благодарам на целиот тим доктори, пред сèна д-р Петровска, која се грижеше за Деница додека беше бремена, а сега нèнаправи и среќни родители“, вели Стоилов.