Стрижење со пламен за здрава машка коса
Овие фризери користат пламен наместо ножици ...
Сигурни сме дека ретко се гледа ваков метод на фризерај, но фризерскиот салон „Антика Барберија Кола“ во Милано практикува стрижење со пламен.
Но да не настане забуна. И во Македонија има ваков фризер и тоа многу добар. Тодор Тодороски од Прилеп во неговото студио одамна ја користи оваа техника.
Салонот на Италијанците беше отворен уште во 1904 година и неговиот основач беше првиот што започна да користи оган.
Повеќе од 100 години подоцна, традицијата продолжува и нејзините наследници продолжуваат да ги стрижат своите клиенти со оган. Иако современите методи се користат со ножици и машинки, повеќето од косата се сече со чешел и оган.
Франческа Бомпиери, сегашниот сопственик на салонот, објасни дека огнот ја зајакнува косата и ја прави поздрава затоа што пламенот води кон повеќе кератин, што ја прави косата поцврста, посилна и потрајна, но и поздрава. Таа исто така вели дека по овој метод на фризура нема да има поделени краеви и потоа фризурата изгледа многу подобро и поубаво.
Иако овој метод изгледа малку чуден и застарен, италијанскиот салон за коса има огромен број посетители кои се воодушевени од услугата и кои тврдат дека нивната коса никогаш не била подобра и поздрава.
Погледнете ја фризурата во овој салон: